Непријатна ситуација на ЕП: Новинар доби топка во глава! (ВИДЕО)

фото: en24.news

Новинарската професија не е лесна, и покрај тоа што беше удрен германскиот репортер со насмевка продолжи да известува пред камерата.

Еден новинар кој го најавуваше натпреварот од Европското ракометно првенство помеѓу репрезентациите на Германија и Холандија беше случајно удрен со топка во глава.

Ваквата професија не е лесна, и покрај непријатната ситуација во кој се најде новинарот од германската ТВ агенција „2DF“, тој со свесен дека тоа не беше намерно, со насмевка продолжи да известува.

На стартот од евро шампионатот, германската селекција ја оправда фаворитската улога славејќи против Холанѓаните со резултат 34:23.

Германците кои ги најавуваат како едни од фаворитите за освојување на медал, веќе в сабота ги очекува многу поголем предизвик, Шпанија.

Македонија својот прв настап на континенталниот собир ќе го има денеска од 20.30 часот против селекцијата на Украина во Виена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот