НЕПРИЈАТЕЛСКИ ПРЕЧЕК: Гневен татко во болница му се нафрли на Борис Џонсон (ВИДЕО)

Британскиот премиер Борис Џонсон не беше многу пријателски пречекан при посетата на болницата Whipps Cross во Лондон.

Џонсон беше запрен во ходник од лабуристичкиот активист Омар Салем, кој му се пожали на состојбата на здравството во Британија. Салем му се пожалил на Џонсон дека во Британија нема доволно доктори и медицински сестри.

Го обвини Џонсон дека доаѓа во болницата за да се слика со новинарите и заканувачки му се приближи додека го обвинуваше.

,,На овој оддел нема доволно луѓе, нема персонал , доктори , сестри , не е организирано.” , набројуваше Салем во жестоката расправа со премиерот среде болничкиот ходник.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот