Непријателите на Ким се посрамотија: Јужна Кореја истрела проектил кој падна на нејзина територија

Ракети EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Војската на Јужна Кореја вчера се извини што предизвикала паника во јавноста со неуспешното лансирање на проектил за време на заедничка вежба со американската војска како одговор на севернокорејската балистичка ракета истрелана еден ден претходно.

северна кореја проектил EPA-EFE/KIM HEE-CHUL

Ракетните сили под команда на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во вторникот лансираа проектил кој прелета над територијата на Јапонија и падна во Тихиот Океан по лет од 4.600 километри.

Ова беше прво лансирање на балистичка ракета на Ким во последните пет години, а јужнокорејските и американските трупи веднаш лансираа неколку проектили во морето во заеднички маневри.

Знамиња на Северна Кореја и Јужна Кореја / Фото: marketwatch.com

Американските проектили беа успешно истрелани, но јужнокорејскиот проектил од типот Хјунму-2 не успеа кратко по лансирањето и се урна во близина на Кангунг, град на источниот брег со повеќе од 200.000 жители. За среќа, боевата глава не експлодирала, туку се запалило само ракетното гориво, што било доволно да предизвика хаос во градот.

Воениот штаб на Јужна Кореја соопшти дека нема жртви и дека ги истражуваат причините за неуспешното лансирање.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот