Непрепознатлива: Како изгледала Кајли Џенер на 14 годишна возраст?

Instagram
Instagram

Првата фотографија на Кајли Џенер која ја објавила на социјалните мрежи во 2011 година деновиве активно кружи на Интернет.

На фотографијата, Кајли има само 14 години, носи очила и скоро воопшто не личи на денешната дваесет и четиригодишна Кајли Џенер.

Instagram
Instagram

Фотографијата има само 17 илјади лајкови, што е многу помалку во споредба со нејзините фотографии, кои денес имаат десетици милиони лајкови.

Фотографијата е објавена на социјалната мрежа ТикТок.

Фан на познатата ријалити ѕвезда ги пронашол нејзините стари објави меѓу кои и оваа фотографија. Многумина изјавуваат дека изгледа како нормална тинејџерка, но за сите е непрепознатлива.

Instagram
Instagram

Најмладиот член на семејството Кардашија,  Кајли Џенер порасна под будното око на јавноста. Реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“ започна да се емитува во 2007 година, кога Кајли имаше само 10 години.

Instagram
Instagram

Денес Кајли гради успешна бизнис кариера, а притоа е мајка на малечката Сторми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот