Непречено се спроведуваат изборите во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

Локални избори 2021 / Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Тековно се спроведува гласањето во Куманово, соопшти претседателката на ОИК, Бранкица Димковиќ. Право на глас во најголемата општина во државата имаат 93.986 избирачи кои гласаат на 167 избирачки места. Според податоците на ДИК, до 11 часот излезноста била 5,91 процент.

– Постепено се надминуваат техничките проблеми кои беа со уредите за биометриска идентификација. Екипите за техничка поддршка постојано се на терен, изјави претседателката на ОИК, Димковиќ.

Гласањето се спроведува тековно во општина Липково. Ситните технички проблеми на почетокот од гласањето со апаратите за отпечаток на прст, веќе се надминуваат, информираше претседателката на ОИК, Ајше Демири. Во Липково право на глас имаат 26.042 избирачи кои гласаат на 36 избирачки места. Според ДИК, излезноста во оваа општина до 11 часот е 5,41 проент.

Во Старо Нагоричане право на глас имаат 3.262 гласачи кои правото на глас го остваруваат на 38 избирачки места.

-Имавме проблеми со фингер принтовите на некои избирачки места, на некои се надминати, за некои избирачки места се испраќа техничка поддршка, рече претседателот на ОИК, Марјан Даиловски. Според ДИК, излезноста во оваа рурална општина до 11 часот е 13,36 проценти.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот