Непознати сторители со пила исекле 14 дрвца во Велес

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Непознати сторители со пила исекле 14 садници во одлична вегетациска состојба на улицата „АСНОМ” во Велес.

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски се надева дека надлежните институции ќе го откријат и казнат сторителот. Немилиот настан, како што соопшти, се случил на 29 и 30 март.

– Овие садници имаа потенцијал да бидат мал, но корисен природен филтер во непосредната околина. Се надевам дека надлежните органи ќе го откријат сторителот и соодветно ќе го казнат, рече Коцевски.

Во пролетниот период, како што информираше, засадени се 260 високи повеќегодишни листопадни дрвја кај Еко кампот на езерото Младост, Градскиот парк, паркот Гимназија и пaркот пред општинската зграда. Поради временските услови, засадувањето ќе продолжи наесен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот