Непознати сторители ги украле парите за обнова на црквата „Св.Спас” во село Владимирово

Католичка црква / Фото: МИА

Од полицијата потврдија дека е извршен увид во црквата „Св.Спас” и се работи на расчистување на случајот.

Непознати сторители ги украле парите за обнова на црквата „Св.Спас” во беровско Владимирово. Кражбата е извршена со кршење на влезната врата, а истата како што јавуваат жители е регистрирана утринава.

-Првпат такво нешто се случува во црквата која е изградена во 1842, а опожарена во 2013 година. За да се обнови црквата „Св.Спас”, луѓето даваа се од себе, за да се случи тоа што ни се случи, велат жители на селото.
Од полицијата потврдија дека е извршен увид во црквата „Св.Спас” и се работи на расчистување на случајот.
Претходно во друга кражба украдено е возило марка Нисан кое е пронајдено и вратено на сопственикот, се вели во соопштението од беровската полиција.
Дали двете кражби се поврзани дополнително треба да утврди истрагата. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот