Непознати детали од почетокот на врската на Брена и Боба: За малку ќе му ја скршела раката!

инстаграм

Иако се во брак скоро три децении и за својот однос зборувале безброј пати, Лепа Брена и Боба Живоиновиќ дури сега откриле како изгледала еден од нивните први средби.

„Се сеќавам дека давав интервју за „Илустрована политика“ и дека Рака Џокиќ, мојот менаџер, со новинарката ме заклучи во канцеларијата за да можеме нормално да разговараме. Во еден момент Рака влезе со Боба и нè запозна“, открива Брена.

Но за тоа како нивната романса изгледала на почетокот Брена зборуше во документарецот „Лепа Брена – Годините на „Слатки грех“, а еден детаљ посебно привлече внимание. Како што раскажала, за време на една од првите средби, Брена на Боба за малку ќе му ја скршела раката.

„Се договоривме да се најдеме во Нови Сад. Јас тргнав до местото на средбата, стојам на семафорот и го гледам него како стои од другата страна и ги шири рацете. Се замислувам како му трчам во прегратката, скокам и се вртиме како на филм, само успорено. И навистина се залетав во него, му скокнав во прегратка, но во тој момент двајцата паднавме и Боба ја повреди раката“, раскажала.

Боба додал дека не очекувал дека Брена е толку тешка.

„Сè можев да подигнам, ама таа беше толку тешка, па не можев да ја задржам“, рекол тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот