Непознат маж поставил експлозив во станбената зграда на поранешен полицаец од Нови Сад

Се претпоставува дека бомбата била наменета за поранешниот полицаец Далибор Богдановиќ-Бока.

Припадници на новосадската полиција трагаат по маж за кој се верува дека поставил, а потоа ја отстранил експлозивната направа во зградата на улицата Илија Бирчанин во Нови Сад (Србија).

Се претпоставува дека бомбата била наменета за поранешниот полицаец Далибор Богдановиќ-Бока.

Првичните претпоставки на полицијата се дека засега непознатиот маж го ставил експлозивот во ранецот и го однел од зградата.

Потоа ранецот му го дал на неговиот соучесник Ѓорѓе М. (27), кој се обидел да избега, но бил уапсен од полицијата недалеку од зградата каде живеел поранешниот полицаец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот