Непланиран, спонтан, страствен – кој секс е најдобар?

Во пракса, добриот секс не е како на филмовите, а особено не како на филмовите за возрасни.

Истражувањата покажаа дека всушност најдобриот секс е оној кој се планира, покажала студијата спроведена во Германија, чии резултати се објавени во „Магазинот за сексуални истражувања“.

Во студијата учествувале 966 парови (главно хетеросексуалци), кои отворено зборувале за своите сексуални активности. Освен квалитетот на сексот, воедно се испитувани и нивните карактеристики.

Крајниот резултат на студијата покажал интересен резултат. Имено, луѓето кои се дисциплинирани, амбициозни и насочени кон успех се позадоволни на сексуален план од спонтаните.

Најзадоволни се жените кои се во брак со одговорен маж, кој се труди да ја задоволи партнерката.

Студијата покажала дека договорениот секс долева масло на огнот и дозволува фантазирање, кое набрзо се реализира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот