Неопходна ни е дополнителна работна сила за да имаме економски раст и развој, вели Битиќи

Фатмир Битиќи, вицепремиер за економија / ФОТО : Слободен печат

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, гостуваше во емисијата „Зум ин” на регионалната телевизија „Блумберг адриа” на која говореше за потребата за увоз на работна сила како неминовно решение за недостигот на работна сила со која се соочува нашата земја.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека веќе е дојдено време да ја отвориме дискусијата за потребата од дополнителна работна сила на пазарот на труд.

Во разговорот, Битиќи рече дека додека веќе работиме на доквалификација и реквалификација на одредена група невработени во Северна Македонија за истите да ги прилагодиме на потребите на пазарот, дополнително ќе мора да се најде начин да се надополни одливот на работници.

„На пазарот на труд има недостаток на работна сила и мора да одговориме на тој предизвик ако сакаме да имаме забрзан економски раст”, рече Битиќи.

На прашањето дали во тие 14 посто невработеност не може да ги најдеме квалификуваните кадри кои што ги бараат компаниите, и оттаму да ги земат наместо да се бара увоз на работна сила, вицепремиерот одговори дека примарно работната сила ја бараме од тие кои се активни баратели на работа, но констатација на сите, е дека се уште имаме недосток на работна сила но и во некои сектори пецифично квалификувана работна сила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот