НЕОМ: Саудискиот „мега-град“ во кој ќе има летечки такси-возила и вештачки облаци

Фото: Јутјуб/ CaspianReport

Саудиска Арабија гради футуристички „мега-град“, кој ќе биде 33 пати поголем од американската метропола Њујорк. Градот во пустината ќе „никне“ од нула, а официјалните лица проектот го опишуваат како „најамбициозниот проект во светот“.

Градот наречен Неом, кој ќе биде позициониран на брегот на Црвеното Море во северозападната саудиска провинција Табук планирано е да биде завршен во 2025 година, според информациите кои за „Блумберг“ ги дал саудискиот принц Мохамед бин Салман.

Новата светска метропола ќе се простира на речиси 25.000 квадратни километри, и ќе го чини Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија најмалку 500 милијарди долари, заедно со многу милиони странски инвестиции доколку се во можност да ги привлечат инвеститорите.

Неом е дел од „Визија 2030“: амбициозен план за револуционизирање на саудиското општество, намалување на зависноста од нафтата и трансформација на земјата во технолошки центар.

Во јануари 2019 година, Саудиска Арабија создаде компанија, исто така наречена Неом, за да биде движечката сила зад комплетирање на проектот.

Според пишиувањата на „Бизнис инсајдер“, новиот град на Саудијците би имал најнова технологија за создавање на вештачки облаци кои ќе произведуваат дожд, поради фактот што во пустината каде што ќе биде градот природно нема многу врнежи.

Неом наводно ќе го има и „најнапредниот образовен систем на планетата“, каде часовите ќе ги предаваат холографски професори, велат официјалните лица.

Уште една од футуристичките идеи за новиот град е креирање на парк со роботизирани диносауруси, а ноќе Неом ќе биде осветлуван од огромна вештачка Месечина. Дополнително, брегот на Црвеното Море ќе биде посипан со специјален песок кој ќе свети во ноќните часови.

Првата фаза за комплетирање на „мега-градот“ во кој жителите ќе користат летечки такси возила сега е комплетирана. Аеродромот е речиси завршен и веќе е официјално регистриран.

Саудиската влада веќе започна со промоција на проектот, во обид да привлече инвестиции и медиумски интерес во јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот