Сашо Мијалков, неофицијално, се решил попладнево да се појави во Основното Обвинителство за гонење на организиран криминал и да го подигне решението за домашен притвор, откако добил сознанија дека членови на негово семејство и на обезбедувањето ќе се соочат со одговорност за помагање на бегство, пишува „Фокус“.
Добро упатени извори, наведува порталот, велат дека Мијалков дознал и за блокада на сметките на членови на неговото семејство и нивни компании, за запечатување на движниот имот и пломбирање на недвижниот.
Неофицијалните информации се дека во изминатите денови бил во стан во Скопје, каде најверојатно го однел член на неговото обезбедување со возило кое вчера беше донесено во полициска станица и врз кое се вршеа проверки.