Неодоливо впечатлива: Меланија Трамп заблеска во жолто (ФОТО)

Профимедиа

Првата дама на Америка овој пат избра неодоливо впечатлива комбинација за облекување…

Меланија Трамп се појави на собирот во Амваи центарот во Орландо за да го поддржи сопругот во кампањата за американските претседателски избори во 2020 година, а нејзиното префинето издание привлече големо внимание.

Профимедиа

За разлика од 2005 година, кога на објавата на првата кандидатура дојде во многу едноставен бел фустан, изборот овој пат падна на перфектен стајлинг.

Првата дама на Амеика за оваа прилика облече силно жолт „Ralph Lauren“ комбинизон со широки ракави кој на половината го затегна со металик ремен. Со овој аутфит ги вклопи и високите потпетици од Кристиан Лубутин, исто така во жолта боја.

Профимедиа

Иако Меланија важи за икона на стилот, овој пат критичарите и најдоа замерка, па на интернет коментираа дека изгледа премногу впечатливо.

„Грозно, се гледа од универзумот“, гласи еден од коментарите на Инстаграм.

Нормално, постојат и такви кои го пофалија нејзиниот избор, а и ние сме дел од нив и сметаме дека е премногу елегантен и храбар, што всушност и прилега на првата дама на САД.

Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот