Неодоливо вкусни: Ќофтиња со пилешко месо

Состојки:

200 грама пилешко бело месо

1 тиквичка

1 кришка леб

1 главица кромид

1 јајце

зачини по желба

Подготовка:

Пилешкото месо измелете го во машина за мелење на месо. Со истата машина измелете ги кромидот и тиквичката. Добиените состојки ставете ги во подлабок сад и во нив додајте ги изронетиот леб, јајцето и зачините.

Со рака убаво измесете ја смесата. Покријте ја со фолија и оставете ја да отстои во фрижидер неколку часови. Откако ќе помине потребното време, извадете ја смесата од фрижидер и од неа формирајте мали ќофтиња.

Пржете во поголемо количество масло за јадење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот