Неодоливи грузиски палачинки од кои ќе ви потечат лиги

Фото: Instagram

Овие рустикални палачинки со јајца исполнети со топено сирење го илустрираат видот на храна што им била потребна и достапна на Грузијците кои живеат на големи надморски височини во планините. Филот од путер и урда се нарекува хавици. Толку е богат што палачинките може да се готват во речиси сува тава.

Потребни состојки:

– 2 јајца
– 1/3 шолја шеќер
– 1 шолја рикота или урда
– 1 полја брашно
– 1 лажиче прашок за пециво
– 1 лажица сок од лимон или оцет
– 1 лажица екстракт од ванила
– прстофат сол
– 1/2 шолја масло за пржење

Начин на подготовка:

Во средна чинија изматете ги јајцата и шеќерот. Додадете рикота или урда, сода бикарбона, сок од лимон/оцет, екстракт од ванила, сол и брашно.Измешајте добро – тестото мора да има конзистентност на тесто за колачи.

Загрејте околу 2 лажици масло во тавата и ставете од тестото. Не преоптоварувајте ја тавата, оставете простор помеѓу палачинките. Гответе на средно-тивок оган додека не се формираат меурчиња и не се оформат рабовите, околу 3-4 минути. Превртете и гответе од другата страна.

– Во тестото може да додадете кора од лимон, парченца чоколадо, банани, јаболка и слично.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот