Неодолива и вкусна: Медена пита

Израдувајте ги вашите најблиски со овој вкусен десерт чија подготовка ќе ви одземе многу малку време, а неговиот вкус ќе ве воодушеви.

СОСТОЈКИ:

  • 400 г брашно
  • 3 лажици мед
  • 3 јајца
  • 80 г путер
  • 150 г шеќер
  • 1 лажица сода-бикарбона

За кремот:

  • 150 г шеќер во прав
  • 900 г кисела павлака

Подготовка:

Во тенџере ставете ги шеќерот, путерот и медот, па ставете ги на шпорет да се стопи смесата. Тргнете го тенџерето од оган, разматете ги јајцата и со постојано мешање додавајте ги јајцата едно по едно, внимавајќи да не се сварат. Постепено додавајте го брашното измешано со содата и мешајте да добиете тесто.

Префрлете го на хартија и посипете го со малку брашно размесете го кратко, па поделете го на четири еднакви делови. Секој дел расукајте го да биде со големина на калапот за печење. Секоја кора печете ја во рерна загреана на 180 степени, околу 3-4 минути. Подгответе го кремот така што ќе ги изматите павлаката и шеќерот и ставете го во фрижидер. Повторете ја постапката со матење 2-3 пати. Испечените кори премачкајте ги со кремот и наредете ги една над друга. На крај завршете со крем и посипете со шеќер во прав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот