Неодолив колач со крушки и бадеми во кој ќе ужива целото семејство

unsplash

Изненадете ги вашите најблиски со овој извонреден колач со крушки и бадеми.

СОСТОЈКИ:

  • 150 г путер
  • 120 г шеќер
  • 2 јајца
  • 120 г брашно
  • 100 г мелени бадеми
  • ½ прашок за печиво
  • 3-4 зрели крушки
  • сок од 1/2 лимон
  • бадеми во ливчиња и шеќер во прав за декорација

ПОДГОТОВКА:

Крушките излупете ги, исечете ги на кришки, прелејте ги со лимонот и оставете ги да стојат настрана. Во сад изматете ги со миксер путерот и шеќерот, во кремаста смеса, па додавајте ги едно по едно јајцата и матете. Брашното, бадемите и прашокот за печиво измешајте ги и додајте ги во смесата додела лесно мешате со шпатула. Во тава обложена со хартија за печење ставете ја смесата, па над неа кришките од крушки. Посипете со бадеми во ливчиња и печете 20 минути на 180 степени. Оставете да се излади малку и посипете со шеќер во прав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот