Неочекувани несакани ефекти на популарното овошјe киви

Фото: Pixnio

Кивито е познато по својот уникатен сладок вкус и како ризница на витамини и минерали. Луѓето низ светот го сакаат ова овошје. Кивито и главната причина зошто стана толку популарно е неговото влијание врз губењето на тежината и значителното количество витамин Ц. Меѓутоа, ова овошје има и несакани ефекти.

Кивито може да има многу несакани ефекти, тврдат стручњаците. Многу луѓе се алергични на овошје. Тоа не можеме со сигурност да го знаеме пред да го консумираме, но ако сте алергични на некое овошје воопшто, особено на оние што растат во дивината, тогаш треба да избегнувате киви.
Оток и осип се многу чести. Орален алергиски синдром, дерматитис, панкреатитис и дијареја се дополнителни познати несакани ефекти, а особено ако се јаде во големи количини, па затоа се препорачуваат два до три киви дневно.

Киви не би требало да се јаде во текот на бременост и доење. Ова овошје може да го наруши дејството на одредени лекови, како и редовната исхрана.

Алергиски реакции на киви

Поради консумирање киви, може да се развијат алергиски реакции. Важно е да бидете внимателни додека го јадете. Многумина што консумирале киви во големи количини, пријавиле вкрстена сензибилизација и разни видови алергии.

Осип и оток

Како што се наведува во студиите, утврдено е дека прејадувањето со киви може да доведе до оток. Анафилакса, исто така, може да се појави кај луѓе што консумираат премногу киви. Чести се и осип, астма и копривњача (уртикарија), како и локална иритација на устата.

Орален алергиски синдром (ОАС)

Многу луѓе пријавиле ОАС поради прекумерно консумирање киви. ОАС вклучува отекување на устата и јазикот. Исто така, предизвикува печење и чешање во устата.

Дерматитис

Луѓето што секојдневно консумираат големи количини киви, може да развијат кожно нарушување, како што е дерматитис.

Панкреатитис

Прејадувањето киви може да доведе до акутен панкреатитис. Ова вкусно овошје е богато со калиум, серотонин и витамини Ц и Е.

Високите дози на овие компоненти може да го променат нивото на триглицериди во крвта, што може долгорочно да му наштети на панкреасот.

Дијареја и малаксаност

Една од нуспојавите на кивито вклучува повраќање, гадење и дијареја (пролив). Исто така, може да доведе до несвестица и отежнато голтање.

Алергија на латекс

Според студиите, откриено е дека повеќето луѓе со алергија на латекс се исто така склони кон развој на алергија на киви. Ако имате алергиски реакции на латекс, избегнувајте да јадете киви и производи со киви.

Доење и бременост

Трудниците и мајките кои ги дојат своите бебиња треба да се консултираат со својот лекар за количината на киви што би смееле да ја консумираат.

Растителните соединенија, антиоксидантните и антиинфламаторните својства во плодот на кивито помагаат во лекувањето на многу болести. Меѓутоа, треба да знаеме сè за неочекуваните несакани ефекти на кивито. Затоа, јадете го ова овошје умерено, за да ги избегнете неговите несакани ефекти. К. А.

Интеракција со некои видови лекови

Според многу истражувања, откриено е дека ова овошје има антигабично дејство и дека може да предизвика зависност кога се користи со други лекови против габички.

Кивито ја разредува крвта и на тој начин ги зголемува шансите за крвавење, ако се зема со одредени видови лекови. Некои од овие лекови се антикоагуланси, аспирин, хепарин нестероидни антиинфламаторни лекови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот