Неочекуван спој во музичката индустрија: Елтон Џон, Gorillaz и 6lack снимија песна! (ВИДЕО)

принтскрин

Со месеци, групата Gorillaz издава синглови како дел од нивната серија „Song Machine“, која кулминира во новиот албум „Song Machine: Season One – Strange Timez“.

Анимираните ликови на Дејмон Албарн овој пат се најдоа заедно со Елтон Џон и раперот 6lack на новиот сингл „Pink Phantom“, пренесува Headliner.

„Дејмон ме замоли да направиме нешто заедно, а начинот на кој настана песната е одличен. Бев во студио во Лондон, а тој на другиот крај во Девон, но дури и работата на далечина беше толку интересен и креативен процес“, рекол Елтон Џон и додал:

„Отсекогаш го сакав Дејмон, бидејќи неговото дело опфаќа толку многу различни жанрови. Прстите ги мешаше во многу звуци и колку и да постигна, секогаш одеше креативно напред. Тој направи толку многу за да промовира музика од целиот свет, Африка, Кина, што луѓето досега не ја слушнале и јас навистина му се восхитувам на тоа. Отсекогаш сум бил нивни обожавател, па кога ме замоли за соработка, немаше сомнеж дека ќе се согласам и многу сум среќен што се случи тоа“.

„Song Machine: Season One“ прави голем број други соработки прошарани со ѕвезди како Роберт Смит од The ​​Cure, пејачот на St. Vincent, Питер Хук, Скепт, Кану и многу други.

Gorillaz ќе го претстави новиот проект со изведба во живо на Song Machine Live од 12 до 13 декември. Шоуто ќе се емитува во три временски зони преку апликацијата LiveNow.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот