Неочекуван раст на залихите во САД ја „поткопа“ цената на нафтата

Барел нафта од типот „WTI“ се продава по цена од 31,83 долари.

Утрово цената на нафтата забележа пад откако податоците на американската нафтена индустрија покажаа изненадувачки голем раст на залихите, што пак ги разниша надежите дека со почетокот на ублажувањето на мерките за ограничување на движењето ќе се овозможи стабилен раст на побарувачката.

Цената на „фјучерсите“ на американската нафта „WTI“ паднаа за 3 проценти или за 98 центи и сега барел нафта од овој тип се продава по цена од 31,83 долари.

Во претходниот дел од тргувањето беше забележан пад и до 5 отсто на цена од 31,14 долари за барел, пишува „Ројтерс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот