Неочекуван потег на крадец во Бразил: Ограбуваше аптека, па се сожали кога забележа една постара жена
Постара жена од Бразил понуди пари на вооружен крадец кој влезе во аптека со план да ја ограби. Меѓутоа, тој одби да ги земе парите од жената и притоа ја бакна во челото.
На снимката од надзорната камера може да се забележи како крадецот разговара со жената, додека неговиот „колега“ ги зема парите од работникот.
Уплашената жена, која според пишувањата на медиумите живее во куќа во близина на аптеката, му се доближи и му рече дека може да ги земе нејзините пари.
Крадецот неочекувано, се обиде да ја смири жената и потоа ја бакна во челото.
– Не госпоѓо, не ги сакам вашите пари – рече крадецот.
Според информациите од сопственикот, двајцата криминалци одземале 240 долари и неколку парчиња роба. Кражбата е пријавена, а полицијата сѐ уште трага по сторителите.