Необично, но многу вкусно: Лазања со тиква

СОСТОЈКИ:

– 1 помала тиква (од крушковидните)
– 1 мал кромид
– 4 чешниња лук
– 4 лажици маслиново масло
– по ½ лажичка сушени оригано и босилек
– малку сечкано суво луто пиперче ( по избор)
– ½ лажичка суво црвено вино
– 700 г домати од конзерва
– 400 г рикота сирење
– 100 г рендан пармезан
– 100 г сечкан магдонос
– 1 лажица балсамико оцет
– 2 јајца
– 1- 2 топки моцарела
– 1 пакетче лазања тестенини (кои не се варат претходно)
– сол и црн пипер

ПОДГОТОВКА:

Прво подгответе го сосот. Загрејте 2 лажици маслиново масло во сад на средна температура. Додајте ги сечканиот кромид и лук, па гответе додека стане кромидот проѕирен. Додајте ги црвеното луто пиперче, ориганото и босилекот. Гответе уште една минута, па додајте ги доматите и виното. Нека зоврие, па намалете ја температурата и гответе на тивко околу еден час. Додајте сол и црн пипер по вкус. За тоа време испечете ја тиквата, исечкана на коцки, во тава обложена со хартија за печење. Попрскајте ја со маслиново масло, балсамико оцет, сол и црн пипер. Нека се пече околу 25 минути на 200 степени.

Подгответе го филот од рикота – во сад измешајте ги рикотата, јајцата, пармезанот и магдоносот. Зачинете со сол и црн пипер по вкус.

Премачкајте го малку со масло садот во кој ќе ги печете лазањите. На дното ставете од сосот со домати, над него наредете неколку парчиња тестенини за лазањи. Над нив ставете од филот со рикота, па од тиквата, малку моцарела рендана и пак од сосот со домати. Продолжете да редите додека ги потрошите состојките. Завршете со ред тестенини, сос од домати и малку моцарела. Ставете да се пече покриено со фолија во рерна на 150 степени околу 30 минути. Тргнете ја фолијата, па печете уште 15 минути, додека добие убава боја. Нека се излади лазањата десетина минути пред да ја пресечете и послужите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот