Необични податоци од пет лиги го објаснуваат „новото нормално“

epa08882855 Milan?s Theo Hernandez (C) celebrates with his team mate Ante Rebic (L) after scoring the 2-2 goal during the Italian Serie A soccer match between AC Milan and Parma Calcio 1913 at Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 13 December 2020. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Фудбалскиот свет драстично се промени за само една година и тоа „благодарение“ на пандемијата на коронавирусот.

Пандемијата ги „избрка“ навивачите на трибините, сите екипи имаат финансиски проблеми, а во такви услови некои екипи подобро се снајдоа од останатите и тоа по долго време.

Една од најголемите светски обложувалници Вилијам Хил издвои пет лиги во кои на врвот на табелата има изненадувања, односно екипи кои подолго време беа далеку од врвот.

Така Атлетико Мадрид е лидер во Ла Лига за Божиќ за прв пат по 1995 година. Во француската Лига 1 лидер е Олимпик Лион кој последен пат за Божиќ бил најдобар бил 2008 година.

Најголема фудбалска бајка во Европа е Милан кој е најдобар во Серија А. „Росоњерите“ згора на тоа се единствена непоразена екипа во петте најсилни лиги во Европа и Божиќ го дочекаа на првото место во Серија А по прв пат по 2011 година.

Во Шкотска незадржлив е Ренџерс кој е на добар пат да ја прекине доминацијата на Селтик и по цели 10 години се лидери на табелата во шкотската Премиер лига.

Слична приказна е и во Португалија каде е прекинат монополот на Бенфика и Порто и по седум години лидер на табелата е Спортинг Лисабон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот