Необични мерки во Хрватска: Шилци на патиштата во Муртер и Бетина за граѓаните да останат дома

Фото: Профимедиа

Во Хрватска се потврдени 24 нови случаи на коронавирус, и сега вкупниот број на заразени во оваа земја е 442 лица, пренесува „Индекс“.

На подрачјата на местата Муртер и Бетина е прогласен карантин. Прогласени се строги мерки, а на патиштата се поставени шилци кои бушат автомобилски гуми, пренесува хрватскиот портал.

Во последните 24 часа, во Хрватска се заразени 60 лица.

На прес-конференција за медиумите, потврдено е дека маж од Истра починал од коронавирусот, што е утврдено по обдукцијата на неговото тело.

Повеќе од 2010 лекари и медицински персонал од Виногорската болница се наоѓаат во самоизолација, но нема подетални информации за нив.

Досега во Хрватска од коронавирус се излечени 22 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот