Необични комбинации: Авантури од вкусови што долго нема да ги заборавите

храна
Фото: Unsplash

Време е да се впуштите во вистинска гастро – авантура и да ги пробате овие, на прв поглед, неспоиви продукти.

Кога готвите оброк вообичаено ги спојувате вкусовите што ви се познати и за кои знаете дека совршено ќе се надополнуваат. Ретко кога ќе можете да споите два производа за кои не е проверено дека се вклопуваат, но овие комбинации ќе ве убедат да пробате. Дека доматите се комбинираат со моцарела или јаболката со цимет, веќе знаете, но, на пример, јагоди и балсамико оцет не се толку позната комбинација.

Овие необични комбинации на продукти главно се идеи на авантуристи што не се плашат да го спојат неспоивото. Можеби на прв поглед ќе ви се чини дека наведените состојки е подобро да се држат што подалеку едни од други, но не ги отфрлајте пред да ги пробате. Којзнае, можеби во оваа авантура на вкусови ќе откриете нов омилен десерт или ужина.

Чоколадо и авокадо

Авокадото само по себе нема интензивен вкус, но и понатаму вообичаено го јадете во јадења како тост со авокадо или како прилог со главно јадење. Помалку е познато дека со авокадото можете да направите вкусни десерти. Комбинацијата на авокадо и чоколадо дава многу кремасти и полни десерти, а можете да го комбинирате и во утринско смути.

 Сладолед од ванила и масло од тиква

Маслото од тиква обично не е дел од десертите туку од есенските салати или супи од тиква. Специфичниот интензивен вкус на маслото од тиква одлично се надополнува, верувале или не, со вкусот на сладолед од ванила. Неколку капки од ова масло преку топка сладолед од ванила ќе создаде гурмански десерт во кој ќе уживате цело лето, а нема да го заборавите ниту наесен.

Јагоди и балсамико оцет

Спојот на јагоди и балсамико оцет некогаш бил многу популарен во Италија, но со текот на времето оваа комбинација е заборавена. Денес оцетот балсамико вообичаено се јаде со домати, додека јагодите се јадат сами или како дел од десерт. Следен пат кога ќе купите јагоди, исечкајте ги на четвртини, прелејте со неколку капки балсамико оцет и додајте малку шеќер, па варете додека зоврие. Традиционалниот италијански сос е подготвен за сервирање со сладолед, но и со месо.

Пршута и диња

Комбинацијата на солена пршута и слатка, сочна диња не е толку непозната, но секако е јадење кое не е секој подготвен да го проба. Нека ова биде поттик парче диња да го завиткате во тенка пршута и да уживате во хармонијата на вкусови. Солената пршута дополнително ќе ја нагласи благоста и аромата на сочната диња.

Манго и чили во прав

Мангото само по себе е доволно егзотично за нашето поднебје, но уште кога ќе му додадете прстофат чили, ќе добиете десерт достоен на оние мексиканските. Токму во Мексико е создадена оваа комбинација, а освен свежо манго и чили во прав, омилена е комбинација и ситно насечкано манго измешано со сос од лути пиперчиња.

 Помфрит и милкшејк

На прв поглед можеби изгледа тотално неспоива комбинација, но не ја отфрлајте пред да ја пробате. Солените компирчиња натопете ги леден милкшејк и откријте сосема нов спој на вкусови. Најпопуларна е комбинацијата на компирчиња и милкшејк од јагоди, но вкусна е и верзијата со шејк од ванила.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот