Необични казни за луѓето кои нема да ја почитуваат самоизолацијата во Индија: „Јас сум му пријател на коронавирусот“

Фото: МИА

Полицијата во индискиот град Меруту одлучи да ги казни прекршителите на самоизолација, така што ќе ги принуди да носат транспаренти на кои пишува „Јас сум му пријател на коронавирусот“, за да можат останатите граѓани да ги фотографираат и да ги објават на социјалните мрежи.

Поголемиот дел од Индија, каде се регистрирани 482 заразени случаја на новиот коронавирус, а починале девет лица, е во еден вид карантин за да се спречи ширењето на Ковид-19.

Полицијата покрај фотографијата на еден „прекршител“ со транспарент, напишала и „Некои луѓе не се грижат за безбедноста на општеството“.

На Твитер се објавени уште девет такви фотографии со луѓе кои носеле транспаренти на хинду јазик, како на пример „Не верувам во законот на државата“, „Не сум загрижен за моето семејство и општеството“ и слично.

Од полицијата во Меруту се наведува дека само луѓето кои не ги почитуваат препораките се фотографирани, а самоизолацијата е прекршена 22 пати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот