Необични детали од љубовната приказна на ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Необични детали од љубовната приказна на ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ

Првиот пат кога го видов, со неговото „ферари“ го загради мојот „мерцедес“. Му го видов само големиот нос и златниот часовник, раскажува Хелен.

Еден од најдобрите спортисти на светот, Златан Ибрахимовиќ, освен во фудбалот, многу е успешен и на приватен план. Својот семеен живот го држи подалеку од очите на јавноста, а во брак е со 11 години постарата Швеќанка, поранешната манекенка Хелена Сегер. Родители се на два сина, Максимилијан и Винсент.

Неговата сопруга, како што сама открила во едно од ретките интервјуа, не троши премногу време на својот изглед, признава дека има преголеми усни и прекратки нозе, подобро се чувствува во фармерки отколку во дизајнерски фустани, нема куќни помошнички, ужива во брзо возење на мотор и скоро никогаш не дава интервјуа.

„Кога го запознав Златан имаше 21 година, а јас 32. Имав кариера и богатство и не ми беше потребен фудбалер да ме храни. Бев самостојна, а тој дури и не беше мој тип на маж. Првиот пат кога го видов, со неговото „ферари“ го загради мојот „мерцедес“. Му го видов само големиот нос и златниот часовник. Бев лошо расположена и му се развикав. Мислам дека тоа не му се допадна“, рекла Хелен во едно од ретките интервјуа.

Колку тој неа ја обожава се гледа во само една негова реченица.
„Како мислите жени? Јас сакам само една жена“, ѝ рекол Златан Ибрахимовиќ на новинарката која го прашала какви жени сака.

View this post on Instagram

#happymothersday ! #HelenaSeger

A post shared by Zlatan Z10 (@zlatan_z10) on

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close