Необична тајна на долговечност: Погледнете што прави оваа 108-годишна бабичка секој ден

Facebook

Дороти Фловерс живее во дом во Херогејт, Северен Јоркшир, а неодамна наполни 108 години. Сите ја прашуваат која е тајната на нејзината долговечност, а нејзиниот одоговор е крајно нетипичен.

„Тајната на нејзината долговечност е шампањското што го пие секој ден и чоколадните бонбони, кои секогаш ги има во своето шкафче. Од сите пијалаци, единствено шампањското го пие до крај“, вели нејзината негувателка, медицинската сестра Хелен Белингер.

Дороти за роденден добила повеќе шишиња шампањско, заедно со 654 честитки, цвеќе, чоколади и џин.

Родена е на 22 октомври 1911 година во Лидс, Западен Јоркшир. На само 14 години го напуштила училиштето за да започне да работи како сметководител, каде што го запознала својот сопруг Леонард. Се венчале на почетокот на 40-те, а останале во брак скоро 40 години.

Дороти живеела самостојно до 104-та година, кога се преместила во дом за стари лица. Таа и нејзиниот сопруг никогаш немале деца, а внуката Џидит Барет редовно ја посетува.

„Иако денес отежнато зборува, насмевката на нејзиното лице покажува сè. Секогаш е најсреќна кога е опкружена со други, а роденденските честитки направија да се чувствува сакана“, открива Џудит Барет.

facebook

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот