Необична средба: влегла во маркет, а од полиците ѝ излегол питон

фото: скриншот Твитер

Хелаина Алати од Сиднеј отишла во маркет по зачин, а потоа се шокирала од питонот што се појавил од полиците каде што биле сместени зачините. Питонот се појавил наспроти нејзиното лице, но тоа не ја исплашило.

– Реков: „Одам по својата торба за змии“. Мислеа дека сум малку луда, да бидам искрена. Не знаеја што да кажат кога им реков дека во продавницата има питон долг три метри – изјави Алати.

Таа отишла дома и зела вреќа за фаќање змии, која дотогаш се вовлекла  назад на полицата. Откако ја фатила, ја пуштила назад во блиската шума.

– Веднаш знаев дека не е отровен, не е агресивен и никому нема да му направи проблем – објасни Алати.

Видео на денот