НЕОБИЧНА СИТУАЦИЈА: Австриец пукаше кон провалник во неговиот дом – сега треба да му плати отштета

Архива на СП

Еден Австриец кој во својот дом затекна двајца провалници и пукаше кон нив, сега на еден од нив мора да му плати отштета.

Сопственикот на куќата (67) во местото Санкт Валентин во февруари успеал да се одбрани од провалниците во неговиот дом, но и мораше да одговара пред судот, поради фактот што пукал кон нив. Додека тие бегале, сопственикот успеал да погоди во еден од двајцата провалници.

Сопственикот пукал двапати, а еден курушум го погодил крадецот во ногата. Крадецот потоа успеал да побегне со соучесникот, но на една бензинска пумпа непознатиот соучесник го оставил ранетиот човек, кој потоа го пронашле случајни минувачи.

Надлежниот суд го осуди сопственикот на куќата на осум месеци условна казна поради нанесување на телесни повреди, како и со парична казна во износ од 3.600 евра.

Човекот кој се обидувал да го одбрани својот дом нелегално го поседувал оружјето, а на ранетиот провалник мора да му плати и 2.100 евра отштета за претрпени болки.

Судијата ја образложил својата пресуда со тоа што во самоодбрана не смее да се пука во луѓе кои бегаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот