Необична песна и уште понеобичен видеоспот на Наташа Малинкова за новата песна (ВИДЕО)

Фото: Промо

Помнаа само неколку недели откако познатата пејачка Наташа Малинкова ја објави својата последна песна – „Што ли да направам“, тема со која учествуваше на овогодишниот „Макфест“ во Штип.

Но, ако некој вредно работи и создава квалитетна македонска музика во последниве години, тоа е токму Малинкова. Наташа денеска ја промовира својата најнова песна со наслов – „Биди со мене“ на која како автор се потпишува веќе добро познатиот Столе Аврамов.

Фото: Принтскрин

За разлика од претходната тема, ова е нешто сосема поразлично и можеби помалку неочекувано од познатата пејачка, но таа ќе каже:

– Искуството низ годините и ноќните настапи ни се единствениот репер за тоа што би сакала публиката да слуша. Мешање на стилови од ретро, до песни со модерни аранжмани… Сакавме во период кога ни претстојат убави празници, во моменти кога сме опкружени со луѓето што ги сакаме и не сакаат, да им подариме една убава поп – латино тема во која мислам дека секој еден може да се пронајде – вели Наташа.

Инаку за оваа нова песна Малинкова сними и интересен видеоспот, на кој како режисер се потпишува Владислав Гавриловски.

– Тоа е една спонтана приказна за тоа како изгледа едно наше деноноќие. Работата во студио, дел од нашите ноќни настапи, нашите најмили и пријателите. Овојпат честа ја имав статисти во спотот да се појават моите драги колеги и пријатели – Даниел Данн и Марко Марк,а девојката во видеото ни е гостинка од Мелбурн, која случајно и со задоволство прифати да биде дел од ова, за неа прво искуство – завршува пејачката.

Се разбира, Наташа не запира тука. Нека не ве чуди ако повторно за кратко време објави уште една песна, а до тогаш уживајте во видеоспотот…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот