Необична мерка во Австралија: Граѓаните кои се враќаат од Индија ќе одат во затвор?

Фото: EPA-EFE/DAVE

Одлуката на австралиските власти да ги испратат во затвор своите државјани кои сакаат да се вратат од Индија, предизвика критики и оценета е како расистичка мерка со која се кршат човековите права.

Откако владата во Канбери ги забрани сите летови од жариштата до 15 мај, од денеска, секој Австралијанец кој пристигнува од Индија, се соочува со парична казна, како и казна затвор до пет години, пренесува Би-Би-Си.

Премиерот Скот Морисон ги отфрли сите обвинувања за расизам.

-Истите обвинувања се упатени кон владата пред повеќе од една година кога ги затворивме границите спрема Кина. Во пандемијата нема ниту политика, ниту идеологија. Сето тоа нема никаква врска со политиката, ова е вирус – рекол Морисон за радио-станицата 2ГБ.

Се проценува декае во Индија има околу 9.000 Австралијанци, од кои 600 се класифицирани како „загрозени“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот