НЕОБИЧНА ГРЧКА САЛАТА со пржена лубеница (РЕЦЕПТ)

салата лубеница
Фото Профимедиа

Салатата со пржена лубеница изгледа егзотично и можеби не сте замислувале дека може да има добар вкус, но всушност е многу популарна во соседната земја.

Ако сакате експерименти со вкусови, можете да се обидете да ја направите и дома. Сигурно ќе уживате во вкусот.

Состојки:

Една лубеница
200 гр фета сирење
Балсамико сос
Маслиново масло
Сол и бибер

Подготовка:

Исчистете ја лубеницата и исечете ја на мали парчиња, колку еден залак. Пржете ги кратко време на врело маслиново масло, околу четири минути вкупно.

Префрлете ги парчињата лубеница во чинија, зачинете, додадете ги парчињата фета и прелијте со балсамико сос.

Превкусна шарена салата со киноа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот