Необична глетка среде езеро: Камбанарија од 14 век е единствен доказ дека ова село постои! (ФОТО)

Фото: Flickr

Ова необично езеро е создадено во 1950 година и се наоѓа на тромеѓето Италија, Австрија и Швајцарија.

При неговото создавање потопени се 163 куќи и 523 хектари ниви. До 1950 година на овој простор постоеле три езера, пишува официјалниот сајт на овој регион.

Кога акумулацијата станува запуштена по изградба на ѕидот на браната (1947-1949 година), овој локалитет како и поголемиот дел од селото Ресија се потопени и уништени.

Единствено сведоштво за постоењето на селото е камбанарија, која и денеска гордо стои над водата и е вистинска историска знаменитост.

Во текот на зимата, кога езерото замрзнува, може пешки да се стигне до зачуваниот дел од црквата.  Секако, за ова место се поврзани бројни легенди.

И покрај тоа што ѕвоната од камбанаријата се отстранети уште истата година кога е создадено езерото, жителите од околните села тврдат дека и денеска, понекогаш, ги слушаат црковните ѕвона од длабочината на езерото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот