Необична глетка: Огромен ОБЛАК налик на АТОМСКА ПЕЧУРКА над Балатон (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиПланета

Необична глетка: Огромен ОБЛАК налик на АТОМСКА ПЕЧУРКА над Балатон (ВИДЕО)

Феноменот може да трае од неколку секунди до неколку часа, а може да се види од голема оддалеченост.

Огромен облак кој наликува на оној што го формира атомска бомба, забележен е над унгарското езеро Балатон.

Овој исклучителен феномен се формира кога дел од облакот над езерото се помешува со силен локален дожд, што доведува до создавање на прекрасно виножито на површината на водата.

„Во тоа време на езерото имаше пливачи. Облакот беше спектакуларен. Вакво нешто досега не сум  видела“, рекла Александра Грегоре, една од очевидците.

Такви микроексплозии можат да бидат катастрофални за авионите во близина, а ги предизвикуваат силните струи во текот на бура или дожд.

Феноменот може да трае од неколку секунди до неколку часа, а може да се види од голема оддалеченост.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close