Необична бркотница во Русија: Медицинари бркаат лице за да го тестираат од коронавирус, тој не запира (ВИДЕО)

Намерата на медицинската екипа била да изврши тестирање на коронавирус, односно да го пренесат во болница каде таа процедура би се направила.

Маж за кој се сомнева дека е заразен од коронавирус одлучил да се обиде да ѝ побегне на медицинската екипа која била принудена да трча по него во рускиот град Арзамас за да го фати.

Бизарната сцена е снимена во средата, а снимката стана вирална во Русија. Краткиот клип прикажува како тројца медицинари облечени во бели заштитни скафандери трчаат по мажот кој се обидува да им побегне во намерата да избегне хоспитализација.

Подоцна се огласи градоначалникот кој рече дека се работи за лице со ментални проблеми за кое се сомнева дека е заразено од коронавирус.

Намерата на медицинската екипа била да изврши тестирање на коронавирус, односно да го пренесат во болница каде таа процедура би се направила.

Сепак, тој не го сакал тоа, па се вдал во бегство, но на крајот е фатен. Резултатите од тестот за коронавирус се очекуваат во недела, објави Раша Тудеј.

Од почетокот на пандемијата во Русија заразени се 8.672 луѓе, а починале 63 лица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот