Необична, а вкусно: Лазањи со компири и бешамел сос

Состојки:

2 килограми компир
400 грама салама
100 милилитри масло за јадење
3 лажици брашно
700 милилитри млеко
сол
црн бибер

Подготовка:

Потребниот компир за подготовка на овој рецепт, излупете го, измијте го и ставете го да се вари во солена вода.

Додека чекате компирот да омекне, почнете со подготовката на сосот бешамел.

Ставете го маслото за јадење да се загрева, а потоа ставете го брашното. Оставете да се пропржи неколку минути. Потоа, полека додавајте го млекото и постојано мешајте ја смесата додека не се згусне. Тргнете го сосот од оган, зачинете и ставете ја во него ренданата салама.

Во подмачкана тава за печење, наредете еден ред од варениот компир, кој претходно сте го исекле на крукчиња. Потоа истурете од смесата подготвена со салама и убаво распоредете. Додајте уште еден ред од компирот, а потоа повторно од бешамел сосот со салама. Постапката повторувајте ја додека имате компир и сос.

Вака подготвената тава со лазањи од компир, ставете ја да се пече во претходно загреана рерна, на температура од 180 степени околу 30 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот