Необичен тренд: Во Кина сѐ почесто се одржуваат венчавки на кучиња

Фото: Farlap / Alamy / Alamy / Profimedia

Венчавките на домашни миленици се во пораст во Кина, каде што владините политики немаа голем успех во охрабрувањето на повеќе луѓе да се венчаат, со оглед дека општеството брзо старее и се намалува, а браковите и наталитетот остануваат ниски, пренесува „Ројтерс“.

Овој необичен тренд зема замав благодарение на популарноста на домашните миленици во Кина и зголемената подготвеност да се троши за нив. Трошењето за крзнените пријатели во 2023 година се зголеми за 3,2 отсто на 38,41 милијарди долари во споредба со претходната година, покажуваат податоците.

„Луѓето прават свадби, зошто кучињата да не прават?“, рекол сопственикот на кучето Бри, откако неговата миленичка разменила заклетви, ветувајќи дека секогаш ќе дели задоволство и ќе си игра со нејзиниот сопруг кучето Бонд.

Од 2023 година, во Кина има повеќе од 116 милиони мачки и кучиња, според истражувачката компанија „Акјути нолеџ партнерс“. Рамномерно распоредени низ градското население на Кина, околу еден од осум Кинези поседува мачка или куче, а повеќето сопственици се на возраст под 40 години.

Рај Линг и неговата девојка Џиџи Чен, кои изјавија дека не брзаат да се венчаат, со месеци прецизно ја планирале церемонијата на своето куче, организирале професионални фотографи и нарачале торта од 110 долари со фигури на кучињата Бри и Бонд.

Јанг Тао, чија пекара за домашни миленици од Шангај ја подготвила тортата, вели дека на почетокот била изненадена што клиентите сакале свадбени торти за своите кучиња.

„Мислам дека ќе има сè повеќе и повеќе венчавки на кучиња“, рекла Јанг.

Таа веќе организирала неколку слични церемонии откако нејзината пекара е отворена во 2022 година.

„Веќе имаме нарачка за неколку месеци однапред… За уште една кучешка свадба“, додала таа.

Линг рекла дека се надева дека церемонијата ќе им даде на Бри и Бонд „чувство на ритуал“ и дека наскоро ќе ги пречекаат своите кученца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот