НЕОБИЧЕН СЛУЧАЈ ВО ГРЧКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА: Оставка на митрополит заради говор на омраза - Слободен печат

НЕОБИЧЕН СЛУЧАЈ ВО ГРЧКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА: Оставка на митрополит заради говор на омраза

Грчкиот митрополит Амвросиос, познат по тоа што остро  ги критукуваше оние за кои смета дека се однесувале на „нехристијански и негрчки“ начин, вклучувајќи ги хомосексуалците, мигрантите и политичарите, вчера си поднесе оставка.

Митрополитот Амвросиос (81), кој од 1978 година служеше во епархијата Калаврита, на југот на Грција, оставката ја објави во текот на неделната литургија.

Локален суд во јануари годинава го осуди на седум месеци условно заради говор на омраза бидејќи на блог во 2015 година пишувал за хомосексуалците, нарекувајќи ги  олош на општеството“ и луѓето ги повикал да плукаат  врз нив.

Американските медиуми пренесуваат дека тој ја поддржувал грчката екстремно десничарската партија „Златна зора“.

Во октомври 2017 година, на свештениците во неговата епархија им наложил секој ден, точно на пладне, во текот на цела недела, да удираат со камбаните три минути во знак на протест заради, како што навел, „антихристијанскиот и антигрчки“ закон со кој на луѓето им се олеснува да го сменат полот.

Прочитајте и...  Швајцарија е најскапа за живеење, Македонија на 113 место

А минатата година, за време на катастрофалниот пожар во близина на Атина, кажа дека е тоа божја казна за атеистот Алексис Ципрас, кој во тоа време беше грчки премиер.

Прочитај повеќе

Ордановски: Доколку правосудството сака да испорача правда, тоа ќе го стори

Слободен печат

Напуштениот брод кој повеќе од една година низ Атлантикот пловеше без екипаж „уловен“ во Ирска

Слободен печат

Бектеши: ДУИ нема да формира коалиција со ниту еден субјект што ќе се обиде да го негира Преспанскиот договор

Слободен печат

Сандерс со убедливо водство кај демократите

Слободен печат

Путин го разреши својот советник Сурков, креаторот на „вертикална моќ“

Слободен печат

Трамп помилува седум лица, ја намали и затворската казна на Род Благоевиќ

Слободен печат

Остави Коментар

2 × 5 =

Прочитај повеќе

Зеќири: Сега предметите и истрагите се живи, конечно ќе може да се постапува

Слободен печат

На Кинезите им е забранет влез во Русија до 20 февруари

Слободен печат

Светската здравствена организација ја пофали Кина за мерките против коронавирусот

Слободен печат

Отфрлени заклучоците на Република Српска за границата со Федерацијата БиХ

Слободен печат

Калифорниското вино се продава по рекорднo ниски цени

Слободен печат

Трамп: Сè што е поврзано со оваа измамничка истрага на обвинителот Малер да се отфрли

Слободен печат