НЕОБИЧЕН ГРАБЕЖ: Тинејџерка во Калифорнија украде авион, па со него се удри во оградата на аеродромот

Фото: Гугл

Полицијата во калифорнискиот град Фресно во САД добиле необичен повик во средата – тинејџерка украла авион и со него удрила во оградата на меѓународниот аеродром Јосемити во Фресно, пренесува „Ју-Ес-Еј тудеј“.

Локалните медиуми пренесоа дека инцидентот се случил околу 7.30 часот наутро по локално време, кога 17-годишна тинејџерка успеала да влезе во аеродромот преку оградата. Потоа, таа успејала да влезе мал авион со пропелер од врстата „Кинг Ер 200“ и да го запалил еден од неговите мотори.

Авионот започнал да се движи и неконтролирано да се врти, а потоа се удрил во дел од зградата и дел од еден објект на аеродромот.

Кога полицијата пристигнале до авионот кој девојката се обидела да го контролира и лета, таа седела во пилотското место и ги носела полициските слушалки. Според надлежните, таа изгледала „дезориентирано“ кога полицијата ја уапсила.

Девојката, чиј идентитет не е дозволено да се објави поради нејзината возраст, заврши во затвор за малолетници и се товари за делото кражба на летало.

Авионот никогаш не полетал, и немало пожар. Но, направена е значителна материјална штета, информираат надлежните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот