Необичен феномен: Додека цел свет се загрева, една точка во Атлантскиот Океан станува сè поладна

Земјата се затоплува од година во година. Температурите растат, климата се менува, катастрофалните пожари стануваат почести, дури и коралите почнаа да умираат бидејќи морињата се премногу топли.

Но и покрај сето ова, има едно место на Земјата кое станува сè постудено секоја година. Во Северноатлантскиот океан, јужно од Гренланд, НАСА открила ладна точка, која станува постудена од година во година.

Податоците покажуваат дека површината на океанот во последните 100 години се загреала за 1 степен Целзиусов. Тоа можеби не изгледа многу, но кога ќе земеме предвид колку се големи океаните, тоа е значителна промена.

Фактот дека површината на Атлантскиот Океан во тој дел е поладна од неговата околина, исто така го лади и воздухот над тој дел.

Прочитајте и...  Стил на неделата: Славица Христова, кустос советник етнолог во Музеј на Град Скопје
NASA

Научниците ги заинтригирала оваа студена точка и почнале подетално да ја испитуваат. Откриле дека таа е резултат на климатските промени што се случуваат низ целиот свет.

Но, што предизвикало толку необичен феномен? Научниците сè уште не се целосно сигурни. Во студијата објавена во списанието Nature Climate Change, наведоа неколку можни причини.
Како прво, се чини дека промените во океанските струи би можеле да влијаат на појавата на таква студена точка. Пред сè, забавувањето на Северноатлантските меридијални ротирачки струја кои топлата вода од тропските подрачја ја носат на север.

Научниците веруваат дека тоа забавување се должи на рекордното топење на Грендландските ледници, кои донеле нови количини ладна слатка вода во Северноатлантскиот океан. Тоа би можело да ја намали соленоста на океанот и да ја намали густината на водата, што би влијаело на движењето на струите и формирањето на ладната точка.

Прочитајте и...  Моника Белучи на одмор во Грција: Прошета во фустан кој ова лето нема конкуренција (ФОТО)

На температурата на ладната точка влијаат и облаците. Поради постудената површина на океанот, се создаваат повеќе ниски облаци кои се густи Тоа значи дека површината на океанот под облаците не се загрева, односно студената точка останува студена.

Прочитај повеќе

И жените не се искрени во сексот: Ова се петте најчести лаги што ги кажуваат!

Васко Спасоски

Неверојатниот живот на Маја Плисецка, на турнеи одела гладна, а морала редовно да игра пред човекот кој го стрелал татко ѝ

Слободен печат

Џеки Чен ја призна вистината за себе: Бев вистински идиот кон жените

Слободен печат

Папараците ја уловија бившата на Џорџ Клуни на плажа во Сардинија (ФОТО)

Слободен печат

Моника Белучи на одмор во Грција: Прошета во фустан кој ова лето нема конкуренција (ФОТО)

Слободен печат

Најпознатата мачка од Истанбул: Гил 16 години живее во Аја Софија

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Пристигнуваат предупредувања дека вакцината против коронавирусот може да не биде ефикасна кај оваа група луѓе

Слободен печат

Климатски промени: Поради зголемување на температурата, целиот Балкан ќе стане ненаселива пустина

Слободен печат

Поранешната Мис на Југославија има 57 години и изгледа феноменално! (ФОТО)

Слободен печат

Првата дама на Македонија на отворањето на „Охридско лето“ во креација инспирирана од античкиот театар во Охрид

Слободен печат

Погледнете ја сликата: Што прво забележувате на неа?

Слободен печат

Луксузни јахти вредни милиони евра: Новак ја нарекол по мајка му, Јариќ својата ја избирал со Адријана Лима, а луксузна јахта има и Саша Поповиќ…

Слободен печат