Ненадејно почина ѕвездата на ТикТок, пред смртта објавила мистериозна порака

Фото: Инстаграм

Мега Такур, канадската ѕвезда на ТикТок, починала минатата недела на 21-годишна возраст. На Инстаграм нејзините родители објавија нејзина фотографија со потресен текст:

– Со тешко срце објавуваме дека светлината на нашиот живот, нашата љубезна, грижлива и убава ќерка Мега Такур почина ненадејно и неочекувано на 24 ноември 2022 година во раните утрински часови. Мега беше самоуверена и независна млада жена. Многу ќе ни недостига. Таа ги сакаше своите обожаватели и би сакала да знаете за нејзината смрт. Во овој момент, ги бараме вашите благослови за Мега. Вашите мисли и молитви ќе бидат со неа на нејзиното понатамошно патување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megha (@meghaminnd)


„Толку ми е жал, не можам да поверувам дека тоа се случило“, напишала една девојка. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megha (@meghaminnd)


Мега Такур на ТикТок ја следеле повеќе од 930.000 луѓе а обожавателите останаа во шок и болка поради нејзината смрт.

Само неколку дена претходно, на 18 ноември, Такур објави видео на кое се гледа како шета низ улица во Њујорк со натпис: „ТИ Си одговорен. Запомни го тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megha (@meghaminnd)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот