Ненадејно на 47 години почина црногорски актер
Црногорскиот актер Стефан Радусиновиќ ненадејно почина на 47-годишна возраст, пренесоа српските медиуми.
Колегите ја потврдија тажната вест.
Како што се наведува, Радусиновиќ е роден во Подгорица, дипломирал на Академијата за глума во Цетиње, а бил член на Црногорскиот народен театар од 2001 година.
Играл во претставите „Лажен император Шќепан Мали“, „Смртни гревови“, „Сон на летна ноќ“, „Дон Жуан“, како и во серијата „Нашата мала клиника“…
Колегите во тага се простуваат од Стефан:
„Стив, одекнува тишината. Непребол. Твојот неверојатен талент и љубов за секого. Те сакам“, напиша актерката Бранка Оташевиќ, додека актерот Павле Поповиќ објави негова фотографија и стави емотикон со скршено срце.