Ненадејно почина актерот Џамил Френч

Instagram
принтскрин

Канадскиот актер Џамил Френч кој беше познат по улогата на Дејв Турнер во серијата „Degrassi“, ненадејно почина на 29 годишна возраст.

Веста за смртта на актерот ја потврди и неговиот портпарол, пишува „Page Six“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jahmil French (@jahmilfrench)

Со тешко срце потврдувам дека мојот драг пријател и клиент Џамил Френч почина. Многумина ќе го паметат по неговата страст кон уметноста, посветеноста кон неговиот занает и посебен карактер. Ве молам молете се за неговото семејство и пријатели во ова тешко време“, изјави тој.

Неколкумина поранешни колеги на Џамил се простија од него на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jahmil French (@jahmilfrench)

Извршниот продуцент на проектот „Soundtrack“, Џошуа Сафран го нарече Френч како голема инспирација.

Можам да потврдам дека мојот добар пријател, соработник и мојата инспирација Џамил Френч почина вчера“, напиша тој на својот твитер-профил.

Актерката Ени Кларк сподели видео од Џамал на социјалните мрежи.

Срцето ми е скршено поради загубата на нашиот пријател Џамил… Беше толку полн со енергија и забава. Секогаш танцуваше. Беше вистински талент и одличен пријател. На сите ќе ни недостасува“, напиша таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот