Немојте да спиете во оваа позиција: Предизвикува голем број здравствени проблеми

unsplash
Фото: Unsplash

Многу луѓе сакаат да спијат на стомак, но не се свесни колку е штетно за `рбетот. Експертите по медицина едногласно се согласуваат дека спиењето на стомак може да доведе до различни краткорочни како и долгорочни здравствени проблеми.

Според Алекс Сави, овластен тренер за спиење и основач на веб страницата „Sleeping Ocean“, спиењето на стомак е позиција која штети на здравјето на човекот од повеќе причини.

unsplash

Неврологот, експерт за спиење и медицински советник д-р Петро Лука Рати објаснува дека доколку спиете во оваа позоција може да почувствувате проблеми по само една ноќ, но на долг рок тоа може да доведе до посериозни последици.

pixabay

Според истражување спроведено во 2012 година, околу 16% од луѓето спијат на стомак, додека поголемиот дел, 74% спијат на страна. Ако сте во првата група, морате да ја промените таа навика!

Повеќето проблеми што се јавуваат поради спиење на стомак се предизвикани од положбата на `рбетот“, вели Сави.

unsplash

Кога лежите на стомак, `рбетот ја губи својата природна форма и е во состојба на напнатост или напрегање. Мускулите на грбот се оптеретени од спиењето во оваа положба, што може да предизвика болки во грбот кои ќе ги почувствувате уште наредното утро.

pixabay

Спиењето на стомак исто така може да предизвика хиперлордоза или прекумерно лачење на цитокини во лумбалниот `рбет. Оваа положба на телото создава зголемен притисок врз долниот дел на грбот а воедно може да предзвика и оштетувања на церкивалните пршлени!

За да можете да дишете додека спиете на стомак, мора да го свртите вратот на едната страна. Ова создава притисок врз мускулите и зглобовите во вратот“, додава докторот.

Спиењето на стомак исто така предизвикува поголем притисок врз срцето и белите дробови.

unsplash

Ако, и покрај сите предупредувања, сепак одлучите да спиете на стомак, можете да користите перници за да го ублажите штетното влијание.

Лекарите препорачуваат да ставите перница под нозете, со цел да се намали прекумерното исправување на `рбетот. Исто така, можете да ставите перница под колковите за да го одржувате долниот дел на грбот во неутрална положба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот