Немирна новогодишна ноќ во Берлин, 12 повредени од петарди, еден загинат во Хенеф

Немирна новогодишна ноќ во Берлин/Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Во Хенеф во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, 37-годишен маж загина при експлозија на петарди.

Полицијата соопшти дека во експлозијата еден маж е смртно повреден, а уште еден е тешко повреден и се наоѓа во животна опасност.

Во источниот дел на Берлин 12 лица се повредени во експлозија на нелегален огномет на приватна новогодишна забава.

Сите лица се хоспитализирани, но за среќа нема потешко повредени.

Според пожарникарите, најмладиот повреден е единаесетгодишно момче, а останатите се адолесценти и возрасни.

Извор: МИА

Видео на денот