НЕМИРИ ВО СИРИЈА: Силни проектилни експлозии во Дамаск

дамаск
Дамаск, Сирија/ Фото Архива на СП

Силни експлозии одекнаа минатата ноќ во реонот на сирискиот главен град Дамаск, но засега нема информации за евентуални жртви или предизвикани материјални штети.

Сириските државни медиуми објавија дека експлозивите биле предизвикани од проектили лансирани од Израел.

Ваквите наводи ги потврди и сириската противвоздушна одбрана, која соопшти дека лоцирала оти „непријателски проектили долетале од окупираните територии”, алудирајќи на Израел и дека „уништила поголем број” од нив.

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, соопшти дека израелската армија извршила ракетни напади врз цел во околината на Дамаск.

Израел досега ниту ги потврди, ниту ги демантираше ваквите наводи. Изминативе месеци израелските сили во неколку наврати соопштија дека извршиле напади врз цели во Сирија поврзани со Иран и проиранското либанско движење Хезболах, кои во сирискиот конфликт се сојузници на властите во Дамаск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот