Немири во источен Авганистан: Загинаа двајца талибанци и еден цивил

Талибанците во Џалалабад/ Фото EPA-EFE/STRINGER

Двајца талибанци и еден цивил загинаа во напад на контролен пункт на новиот талибански режим во Џалалабад, источен Авганистан, соопштија безбедносни извори и очевидци, пренесува Хиндустан Тајмс.

Неидентификувани вооружени лица нападнаа контролен пункт во областа Гавчак и убија двајца талибанци и случаен минувач, велат извори.

Талибански претставник потврди дека нападот се случил, но наведе дека жртвите се цивили.

Во друг инцидент, локални жители изјавиле дека двајца талибански борци се ранети додека се обидувале да деактивираат импровизирана експлозивна направа во Џалалабад.

Џалалабад, главниот град на провинцијата Нангархар, минатиот викенд беше погоден од серија напади за кои одговорноста ја презеде локален огранок на Исламската држава (ИД-К).

Нангархар е главното упориште на групата ИД-К, ривал на талибанците, која ја презеде одговорноста за серијата сериозни напади во последните години, вклучувајќи го и нападот на аеродромот во Кабул на 26 август во кој загинаа повеќе од 100 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот