Немате ниту евро, а го сакате Лука Модриќ!

Долг период се зборува за заминување на Модриќ од „кралскиот“ клуб, претходно во игра за неговиот потпис беше Интер, а сега во редот се најде и градскиот ривал Милан.

Менаџерот на хрватскиот играч, Влада Лемиќ започнал преговори со челниците на Милан, а состанокот го организираше директорот на „росонерите“, сонародникот и пријател на фудбалерот, Звонимир Бобан.

Ќе видиме дали тоа пријателство меѓу нив ќе биде доволно да се дојде до евентуален трансфер. Модриќ е свесен дека „кралевите“ сакаат „реконструкција“, да го подмладат тимот после катастрофалната сезона. Но, „тешка мисија“ ќе имаат Италијанците да дојдат до договор со асот на шпанскиот гигант.

– Модриќ воопшто не е тема на нашите разговори, ниту сме разговарале околу неговиот транфер. И порано кажав, ќе кажам и сега, нам ни требаат млади и искусни играчи покрај кои тие ќе се развијат. Модриќ е одличен играч, но во моментов не не интересира – изјави Малдини.

Од Реал порачаа дека Милан „нема ниту евро“, а го сакаат Лука Модриќ. Шпанците сметаат дека овој интерес е многу сличен од оној пред една година кога Интер без финансиска можност беше заинтересиран за Модриќ кој има договор со „Сантјаго Бернабеу“ до лето 2021 година.

Претходно претседателот на клубот, Флорентино Перез рече дека автоматски му бил продолжен договорот поради освојувањето на „Златната топка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот